СДСМ: Рашела Мизрахи самата се фати во сопствените лаги
Не е спорна заработката преку глобална мрежа за услуги, туку неискрениот пристап пред граѓаните, изјави Костадинов...

По објавените информации во медиумите за профил на глобалната мрежа за онлајн работа, министерката за труд и социјала Мизрахи тврдеше дека наводно станува збор за злоупотребен профил, но вистина е спротивното, велат од СДСМ. Не е спорна заработката преку глобална мрежа за услуги, туку неискрениот пристап пред граѓаните, изјави Костадинов.
„Ако било така како што тврди, зошто Мизрахи со години немала пријавено злоупотреба на лични податоци и кражба на идентитет до надлежните институции? Не е спорно некој преку глобална мрежа за услуги да заработува. Спорно е неискрениот пристап пред граѓаните. Тоа е неетички, непрофесионално и измамнички“, изјави портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов.
