Ново рочиште за „ТНТ“
Одбраната на обвинетите останува на ставот дека судењето не може да продложи со поротник чиј мандат завршил, а очекуваше и дека рочиштето ќе се одложи поради одмор на адвокатот на обвинетиот екс- градоначалник Тони Трајковски.

Во Кривичниот суд треба да продолжи судењето за случајот „ТНТ“, според новиот распоред. Одбраната на обвинетите останува на ставот дека судењето не може да продложи со поротник чиј мандат завршил, а очекуваше и дека рочиштето ќе се одложи поради одмор на адвокатот на обвинетиот екс- градоначалник Тони Трајковски.
Сепак, претседателот на судот реши на негово место да се назначи адвокат по службена должност. Од Судскиот совет, пак, уште на крајот од минатиот месец најавија дека седницата на која ќе се решава за мандатот на поротничката ќе одржи на 27-ми јануари.
До овој период, пак, скопскиот кривичен закажа секојдневни рочишта за „ТНТ“ на кои ќе присуствува и поротникот чиј мандат завршил.
