ДИК ќе одлучи дали Ристо Ставревски ќе биде шеф на СВР- Скопје
Ова го побара новиот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, откако дополнителниот заменик- министер Славјанка Петровска не се несогласи со решението.

Државната изборна комисија треба да се произнесе по барањето за мислење Ристо Ставревски да биде поставен за началник на СВР- Скопје. Ова го побара новиот технички министер за внатрешни работи Наќе Чулев, откако дополнителниот заменик- министер Славјанка Петровска не се несогласи со решението.
Таа го проблематизира назначувањето на новиот шеф од причини, како што наведе, дека за Ставревски имало аудио снимки од кои можело да се чуе дека тој врши притисоци врз гласачи.
За техничкиот министер, пак, нема ништо спорно во тоа Ставревски да ја извршува функција, бидејќи не бил осудувано лице и против него не се водела никаква постапка или истрага.
