Русија

Либиските ривалски челници ќе потпишат примирје

13.01.2020 09:55

Примирјето ќе го отвори патот за продолжување на политичкиот процес. Ал- Сараж ги повика либијците да ги отфрлат несогласувањата за да се движат кон стабилност и мир.

Шефот на меѓународно признаената либиска влада за национално единство, Фаез Ал-Сараж и неговиот ривал, командантот Калифа Хафтар од источна Либија, се очекува да потпишат примирје во Москва.

Примирјето ќе го отвори патот за продолжување на политичкиот процес. Ал- Сараж ги повика либијците да ги отфрлат несогласувањата за да се движат кон стабилност и мир.

Во меѓувреме рускиот претседател Владимир Путин демантира дека имало директно руско мешање во конфликтот во Либија, додавајќи дека има руски граѓани кои тие не ги претставуваат интересите на руската држава и не добиваат пари од руската влада.