Моралес ги повикал граѓаните да се самоорганизираат
Моралес, кој е во егзил во Аргентина, потврди дека неговиот глас се слуша на аудио-снимката на која се бара формирање вооружени милиции, бидејќи луѓето имаат право да се бранат доколку бидат нападнати од новата влада.

Поранешниот претседател на Боливија, Ево Моралес, го оправдува повикот за формирање вооружени групи во неговата земја, што го испратил до граѓаните. Снимките беа објавени на државното радио.
Моралес, кој е во егзил во Аргентина, потврди дека неговиот глас се слуша на аудио-снимката на која се бара формирање вооружени милиции, бидејќи луѓето имаат право да се бранат доколку бидат нападнати од новата влада.
Моралес ја напушти Боливија во ноември по политичките немири предизвикани по контроверзната изборна победа. Доби азил во Мексико, по што се пресели во Аргентина.
Најмалку 29 луѓе загинаа во судири на полицијата и демонстрантите во немири, а во средината на декември боливиските обвинители издадоа налог за апсење на Моралес поради обвинувања за бунт и тероризам.
