Законот за поништување на лустрацијата во собраниска процедура
Се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата жртви на постапките, велат од ресорот правда. ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува законот. Се прави аболиција на кодошите- став на опозициската партија. За СДСМ, лустрацијата била политички мотивирана...

Законот за поништување на лустрацијата пред членовите на Комисијата за политички систем. Се пристапува кон отстранување на штетните последици по лицата жртви на постапките, велат од ресорот правда.
ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува законот. Ние сме единствената држава кадешто кодошите на комунизмот, наместо осуда ќе добијат пари од државата, велат од партијата.
„Одговорност за кодишите мора да има, и морална и политичка. ВМРО-ДПМНЕ не го поддржува овој закон и ќе ги искористи сите законски средства да го спречи донесувањето на законот, вклучително и поднесување амандмани“, нагласи Зоран Илиоски, координатор на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието.
За СДСМ, лустрацијата била политички мотивирана.
„Христијан Мицкоски и дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги бранат бруталните злоупотреби на процесот на лустрација, зад кој се криеше политичка и криминално мотивирана фамилија на режимот“, изјави Снежана Калевска Ванчева од СДСМ.
