Во Вевчани за Василица дефиле под маски

13.01.2020 11:22

Маските се подготвени, но како и секогаш, тие се чуваат во тајност. Се најавуваат многу сатира и креативност.

Денеска и утре се случува големиот Вевчански карневал, што годинава се одржува под мотото „Напрај се Василичар“. Организаторите велат дека сите подготовки се завршени и ги повикуваат сите заинтересирани да бидат дел од големиот спектакл.

Маските се подготвени, но како и секогаш, тие се чуваат во тајност. Се најавуваат многу сатира и креативност.

Вевчанци очекуваат рекорден број на посетители, многу повеќе од ланските над десетина илјади. Дефилето ќе почне во 14 часот, а, пак, утре се палат маските.