МРТ подготвува документарец за Љубиша Георгиевски

06.03.2014 14:26

МРТ деновиве го заврши снимањето на документарниот портрет за доајенот на македонскиот филм и театар...

Деновиве Редакцијата за документарна програма на МРТ го заврши снимањето на документарниот портрет за доајенот на македонскиот филм и театар, Љубиша Георгиевски.

Неговиот богат опус со над 160  театарски претстави, неколку играни и документарни филмови, како и директната вклученост во најзначајните општествено-политички моменти од поновата историја, овозможија реализација на атрактивен материјал кој претставува пресек на неговата успешна кариера, како и можност да ги слушнеме размислувања на Георгиевски за значајните уметнички, животни и државни прашања. 

Автори на емисијата се Соња Јаќовска-Самрџиева и Билјана Жеревска, а монтажата е на Владимир Анѓелов.