Охрид
За Василица запален оган во Охридското Езеро
13.01.2020 12:34
Со ова нуркачите на православните христијани им ја честитаа Василица...
Нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид на несекојдневен и атрактивен начин ја најавија Старата нова година. Крај Музејот на вода, тие го запалија традиционалниот оган.
Со ова нуркачите на православните христијани им ја честитаа Василица и се вклучија во организацијата на Охрид во празнувањето на престојните празници- Водици и Свети Јован Крстител, Денот на рибарите.
