Законот за стратегиски инвестиции оди во Собрание

13.01.2020 13:50

До 31-ви јануари Владата треба да објави јавен повик на кој можат да аплицираат сите заинтересирани инвеститори.

Законот за стратегиски инвестиции влегува во собраниска процедура. Се отвора можност за голем инвестициски циклус со поддршка од државата, вели министерот за економија Бектеши.

Комисија ќе решава кој ќе биде главниот проект. До 31-ви јануари Владата треба да објави јавен повик на кој можат да аплицираат сите заинтересирани инвеститори.

За стратешки инвестициски проекти, како што образложи министерот за економија Бектеши, ќе се сметаат проекти со кои се врши реализација на инвестиција во висина од најмалку 100 милиони евра на територија на Република Северна Македонија, најмалку 50 милиони евра во општините со седиште во град, општините во Градот Скопје, и најмалку 30 милиони евра во општини со седиште во село.

Предложените стратешки инвестиции, кои на предлог на Владата ќе ги усвојува Собранието на Северна Македонија, мора да бидат усогласени со стандардите за животна средина утврдени во законите на земјата.