ДИК ќе одлучува дали Ристо Ставревски ќе биде шеф на СВР- Скопје
Во согласност со Законот за Влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада, се потребни два потписа. Во случај на несогласување со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите, ДИК е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и да ја проследи до односното министерство...

Државната изборна комисија денеска на седница треба да одлучува по барањето на техничкиот министер за внатрешни работи Наќе Чулев, за мислење во врска со одлуката за назначувањето на Ристо Ставревски за шеф на СВР- Скопје, која не беше потпишана од дополнителната заменик-министерка во МВР, Славјанка Петровска.
Во согласност со Законот за Влада, за одлуките на сите министри и нивните дополнителни заменици во техничката влада, се потребни два потписа.
Во случај на несогласување со тоа дали одредено правно, финансиско и кадровско прашање се однесува на организација на изборите, ДИК е должна во рок од 24 часа да донесе одлука и да ја проследи до односното министерство.
Одлуката на Државната изборна комисија е конечна.
