САД

Трамп: Моите демократски ривали се сојузници на иранските власти

14.01.2020 10:22

На Твитер објави фотомонтажа на која претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер се претставени со традиционална облека од Блискиот Исток.

Американскиот претседател Доналд Трамп со жестоко критика до демократските противници, обвинувајќи ги дека се сојузници на иранските власти.

На Твитер објави фотомонтажа на која претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер се претставени со традиционална облека од Блискиот Исток.

Пелоси го критикуваше убиството на иранскиот генерал Касем Солејмани по што Претставничкиот дом усвои резолуција за ограничување на воените акции по налог на американскиот претседател.