Хафтар објасни зошто не го потпишал примирјето во Либија
Медиумите известуваат дека на средбите во Русија, тој барал неговите војници да бидат внесени во Триполи и да се формира влада на национално единство што ќе добие доверба од парламентот што заседава во Тобрук.

„Проектот за договор игнорира многу од барањата на армијата“, изјави командантот на Либиската национална армија (ЛНА) Калифа Хафтар кој не го потпиша договорот за примирје со Владата во Триполи на Фаез Сараџ.
Медиумите известуваат дека на средбите во Русија, тој барал неговите војници да бидат внесени во Триполи и да се формира влада на национално единство што ќе добие доверба од парламентот што заседава во Тобрук.
Хафтар повика и за меѓународен мониторинг на примирјето без никакво учество на Турција и безусловно повлекување на, како што вели, „платениците, донесени од Сирија и од Турција“.
