Собранието ќе ја одржи 130-та седница

14.01.2020 10:40

На дневен ред се Предлог- законот за стратегиски инвестиции, Предлог- законите за изменување на законите за евиденциите од областа на трудот, за безбедност и здравје при работа, за забрана и спречување за вршење нерегистрирана дејност, за приватните агенции за вработување...

Собранието денеска ќе ја одржи 130-та седница. На дневен ред се Предлог- законот за стратегиски инвестиции, Предлог- законите за изменување на законите за евиденциите од областа на трудот, за безбедност и здравје при работа, за забрана и спречување за вршење нерегистрирана дејност, за приватните агенции за вработување, сите по скратена постапка и дополнетиот предлог- закон за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во трето читање.

Седници ќе одржат и пет собраниски комисии. На дневен ред на комисијата за транспорт, врски и екологија е информацијата за енормното загадување на амбиентниот воздух поднесена од група пратеници.