Судењето за „ТНТ“ почнува од почеток
Спорната поротничка со истечен мандат поднесе неотповиклива оставка. Кривичен реагира- обидите за развлекување на судењето излегле на виделина. „ТНТ“ се враќа на почеток...

Судењето за случајот „ТНТ“ почнува од почеток. Поротничката чиј мандат истече, не се појави на рочиштето, си поднела неотповиклива оставка поради здравствената состојба.
Кривичен, во писмена реакција пишува дека излегле на виделина предупредувањата на судот за евентуални пристисоци, закани и обиди да се одолговлекува судењето.
На судењето не дојдоа екс- градоначланикот на гази баба, трајковски и соработничката елисавета најдовска. Претходно судењето траеше две години.
За уривањето на комплексот „Космос“ на инвеститорот Фијат Цановски се обвинети повеќе лица, меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и тогашниот градоначалник на Општина Гази Баба Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.
