Владата ќе ја одржи редовната трета седница
На денешната седница како предлог на Министерството за економија ќе се расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, како и Предлог-програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2020 година.
Владата на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи редовната трета седница со повеќе точки на дневен ред од својата програма за работа и од интерес на граѓаните, соопштуваат од владината прес- служба.
На оваа своја седница, меѓу другото, Владата ќе го разгледа Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за финансиска полиција на предлог на Министерството за финансии.
На денешната седница како предлог на Министерството за економија ќе се расправа за Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за минерални суровини, како и Предлог-програма за заштита на ранливи потрошувачи на енергија за 2020 година.
Владата денеска ќе донесе одлука и по Предлог-закон за јавниот интерес во културата.
Министрите во Владата денеска ќе го дадат своето мислење за годишниот план за работа за 2020 година на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од Граѓаните на Република Северна Македонија, и ќе ја разгледаат и ќе донесат одлука по информацијата за текот и прогресот на активностите во врска со проектот „Изградба на централна пречистителна станица за Град Скопје во Трубарево”.
