Фудбал - СП Бразил 2014

За „Специјалниот“ специјална мисија!

06.03.2014 14:37

Иако изјави дека некогаш во кариерата ќе биде и селектор и тоа поможност на својата Португалија или на Англија, сепак Жозе Мурињо најде начин како да биде дел од Светското првенство во Бразил оваа година.и тоа медиумски влијателен.

Менаџерот на Челзи, ќе биде специјален стручен аналитичар на  еден од најпосетуваните и најкористени интернет сајтови и пребарувачи, Јаху.

„Ова е престижна работа. Истовремено сакам да комуницирам и да ги поделам своите идеи со милиони луѓе особено во врска со Мундијалот. Значи, не се работи за илјадници луѓе кои секој ден купуваат весници или за милиони што гледаат телевизија, туку сакам комуникација со многу повеќе. Како и секогаш ќе има некои што се согласуваат, како и од оние што не се согласуваат со мене, но очекувам добра забава“, изјави Мурињо.

Покрај стручната анализа на натпреварите, „Специјалниот“ ќе има обврска и да објавува фотографии и видео материјали што ќе ги направи за време на Светскиот шампионат што ќе сеодржи во Бразил од 12 јуни до 13 јули 2014-та година.