Пожарите може да станат редовна појава во Австралија
Според заклучоците од 57 научни извештаи се наведува дека зачестуваат условите познати како „огнено време“ коишто се комбинација од високи температури, мала влажност, слаби врнежи од дожд и засилен ветер.
„Пожарите во Австралија, можат да станат редовна појава“, предупредуваат научниците. Според заклучоците од 57 научни извештаи се наведува дека зачестуваат условите познати како „огнено време“ коишто се комбинација од високи температури, мала влажност, слаби врнежи од дожд и засилен ветер.
Последиците од климатските промени се причина за поголеми пожари и во САД, Јужна Европа, Скандинавија, Амазонија и Сибир. Сезоната на пожари се продолжила за 20 проценти, а до крајот на векот, просечната температура на Земјата ќе се искачи за 3 до 5 Целзиусови степени доколку не се намалат обемот на штетни гасови ослободени во атмосферата.
Овие вредности се над договорениот максимум во рамките на Парискиот договор за климата од 2015 година.
