Православните христијани го празнуваат Св. Василиј Велики
Св. Василиј Велики станал епископ во 370 година и правел многу добри дела за народот. Подигнал болници, прифатилишта, старски домови, каде работеле и служеле монаси.

На 14-ти јануари, православните христијани го празнуваат Св. Василиј Велики, кој бил најпознат владика во градот Касарија во Кападокија.
Роден е во 329 година во овој град, од побожни родители. Се стекнал со образование, примил свештенички чин и го учел народот на божјата наука.
Св. Василиј Велики станал епископ во 370 година и правел многу добри дела за народот. Подигнал болници, прифатилишта, старски домови, каде работеле и служеле монаси.
Св. Василиј Велики го организирал монашкиот живот во Кападокија и пошироко во Мала Азија и Сирија.
Се упокоил во 389 година и останал како пример за позитивни човекови особини, поради што црквата го нарекла Велики.
