Скопје

Втор ден протести на пазарџиите

14.01.2020 12:49

Незадоволни се од покачувањето на цената на паркингот во овој дел на Општина Центар, бидејќи им го нарушува и онака слабиот промет.

Пазарџиите од Зелен пазар втор ден на протест. Го блокираа сообраќајот на дел од булеварот „Кирил и Методиј“ во центарот на Скопје. Незадоволни се од покачувањето на цената на паркингот во овој дел на Општина Центар, бидејќи им го нарушува и онака слабиот промет.

Од Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар“ тврдат оти со оваа мерка се надминува проблемот на паркиралиштето „Аутомакедонија“. Според ПОЦ, „Скопски пазар“ е инстанцата која треба да ги задоволи потребите на закупците на тезги.