Еврокомесарот за проширување во посета на земјава

15.01.2020 10:03

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји во прва официјална посета на земјава. Средби со државниот врв и со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ. Во фокусот на разговорите новата методологија за проширување предложена од Франција и текот на реформите...

Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји доаѓа во прва официјална посета на земјава. Ќе се сретне со државниот врв и со лидерите на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, Заев и Мицкоски. Во фокусот на разговорите- новата методологија за проширување предложена од Франција и текот на реформите.

Се очекува Европската комисија да го објави мини- извештајот за Македонија и за Албанија во февруари, а новата методологија, според најавите, треба да биде усвоена во март.

Еврокомесарот Вархеји, минатиот месец рече дека пристапните преговори со Северна Македонија и Албанија треба да почнат на пролет, додавајќи дека Европската унија треба да ја исправи грешката од октомври.