Нов обид за почеток на судењето за „ТНТ“

15.01.2020 10:10

Судењето за рушењето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, треба да почне отпочеток, откако завчера судијата- поротник Лилјана Ивановска-Кочковска поднесе неотповиклива оставка.

Судијата во случајот „ТНТ“ нареди обвинетиот Тони Трајковски да биде стражарно спроведен во Кривичниот суд, бидејќи вчера не се појави на почетокот од судењето. Неговиот адвокат Страшевски рече дека не добил покана, а судијата Ставрев му одговори дека бил уредно поканет.

Судењето за рушењето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, треба да почне отпочеток, откако завчера судијата- поротник Лилјана Ивановска-Кочковска поднесе неотповиклива оставка.

Одбраната треба да ги прочита досега изведените материјали. За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои екс- министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.