Субвенции

Со 1,5 милиони евра ќе се финансира порибувањето на езерата и реките

15.01.2020 10:14

Донесена e програмата за субвенционирање на рибарството за 2020 година. Финансиската поддршка за оваа дејност е речиси иста како лани и изнесува скоро 1,5 милиони евра.

Со 1,5 милиони евра и во 2020 година ќе се финансира порибувањето на езерата и реките и изградбата и реконструкцијата на рибниците. Исто така субвенции ќе има и за пилот проекти, развој на нови пазари и за промотивни кампањи.

За порибување на Охридско Езеро со подмладок од Охридска пастрмка се предвидени 6 милиони, а за порибување на Дојранското и Преспанското езеро со крап 750 илјади денари.

Субвенции од 1 милион  денари ќе има и за мандрите на Дојранското езеро.

За аквакултурата е предвидена финансиска поддршка од 44 милиони денари за 50 проценти од вложувањата, и за порибителен материјал во висина 40 отсто од вредноста на набавениот или сопствениот подмладок. Исплатата на парите ќе се врши по принципот на кофинансирање по реализацијата на активностите.

Субвенцијата може да се зголеми од 55 до 65 отсто доколку се работи за млад земјоделец, дололку носител на стопанството е жена или тоа се наоѓа во некое од неразвиените ридско планинси подрачја.   

 

Методија Трајков