Изложба во спомен на депортираните евреи
„Историјата на Евреите од мојот град“ е насловот на детската изложба што утре, во 13 часот, ќе се биде свечено отворена во Кинотека на Македонија, по повод одбележувањето на денот на депортацијата на Евреите од Македонија.
Изложбата, на пет панели, ќе опфати дела на учениците од седмо одделение од Општинското основно училиште „Петар Поп-Арсов“, кои се резултат на нивната соработка со Меморијалниот музеј на холокаустот, во рамките на интегрираната настава по предметите историја, англиски јазик, запознавање на религии и ликовна уметност.

На отворањето на изложбата ќе претходи и проекција на филм, како и пригодна хорска изведба.