ИРАН

Нова снимка покажува дека две ракети го собориле украинскиот авион

15.01.2020 10:04

Американскиот весник тврди дека снимката е објавена од анонимен корисник на социјалните мрежи, а „Ројтерс“ дека авторот на видеото е уапсен.

Американскиот весник „Њујорк Тајмс“ објави видео на кое се гледа дека украинскиот авион бил соборен со две ракети испалени во интервал од 30 секунди од страна иранските воени сили.

Американскиот весник тврди дека снимката е објавена од анонимен корисник на социјалните мрежи, а „Ројтерс“ дека авторот на видеото е уапсен.

Во авионот „Боинг 737“ на укринскиот авиопревозник загинаа сите 176 патници и членови на екипажот.