ЛОС АНЏЕЛЕС

Авион исфрли керозин врз деца во училишен двор

15.01.2020 10:35

Керозинот од авионот Боинг 777 завршил врз главите на учениците од две паралелки кои биле во дворот во моментот кога екипажот се обидувал да ја намали тежината на леталото.

Патнички авион на американската авиокомпанија „Делта ерлајнс“ исфрли авионско гориво врз училиште во близина на Лос Анџелес поради принудно слетување на меѓународниот аеродром предизвикано од дефект во моторот.

Керозинот од авионот Боинг 777 завршил врз главите на учениците од две паралелки кои биле во дворот во моментот кога екипажот се обидувал да ја намали тежината на леталото.

Над 60 лица се повредени, од кои повеќето се деца кои имаат иритација на кожата и респираторни проблеми.

Според правилата, горивото смее да се исфрла во случај на принудно слетување, но само во одредени области и од голема височина.