Поднесен обвинителен акт против двајца странски државјани за криумчарење на мигранти

15.01.2020 10:39

. На првообвинетиот германски државјанин и второобвинетата државјанка на Р.Италија, двајцата по потекло од Република Гана, им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело Криумчарење на мигранти. Тие од користољубие заедно, по претходен договор илегално пренеле мигранти преку нашата државна граница, соопштуваат од Обвинителството.

Надлежен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвинителен акт против две лица. На првообвинетиот германски државјанин и второобвинетата државјанка на Р.Италија, двајцата по потекло од Република Гана, им се става на товар дека како соизвршители сториле кривично дело Криумчарење на мигранти. Тие од користољубие заедно, по претходен договор илегално пренеле мигранти преку нашата државна граница, соопштуваат од Обвинителството.

На 5-ти јануари годинава, обвинетите со намера илегално да пренесат тројца мигранти се упатиле со патничко моторно возило со германски регистарски таблички во Р. Грција. За непречено поминување, за мигрантите обезбедиле јавни исправи – лични карти од Европска Унија и им ги дале на рака. На граничниот премин „Богородица“ при контрола од страна на полициски службеник мигрантите се легитимирале со холандска, шведска и германска лична карта. Тројцата мигранти кои исто така потекнуваат од Гана, платиле вкупно 500 евра за патни трошоци, а според договорот остатокот од по 1000 евра од лице требало да го исплатат по пристигнување на крајната дестинација – Р. Австрија.

Ценејќи дека сѐ уште постојат основи, надлежниот обвинител со Обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на мерката притвор за двајцата обвинети.