Руски воени авиони повторно гранатираат во Идлиб
Во последните неколку недели стотици илјади луѓе избегаа од провинцијата Идлиб – последното упориште на бунтовниците. Според ОН, над половина милион луѓе побарале засолниште во прифатни центри во близина на границата со Турција.

Руски борбени авиони нападнаа неколку градови во провинцијата Идлиб, северозападна Сирија, за првпат откако стапи во сила прекин на огнот со Турција пред два дена.
Во последните неколку недели стотици илјади луѓе избегаа од провинцијата Идлиб – последното упориште на бунтовниците. Според ОН, над половина милион луѓе побарале засолниште во прифатни центри во близина на границата со Турција.
Москва тврди дека руските сили, заедно со сириската војска и проиранските групи, сакаат да спречат терористички напади на милитантите на Ал-Каеда.
