Намалена видливост поради магла на неколку патни правци
15.01.2020 12:21
Појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – село Гајре, Павлешници, Штип, Велес, Кула- Катланово и видливост до 100 метри има кај Страцин, Струга, Крива Паланка, Тетово и Гостивар, информираат од ЈП „Македонија пат“.

Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на патниот правец Тетово – село Гајре, Павлешници, Штип, Велес, Кула- Катланово и видливост до 100 метри има кај Страцин, Струга, Крива Паланка, Тетово и Гостивар, информираат од ЈП „Македонија пат“.
Сообраќајот на патиштата се одвива тековно по претежно влажни коловози.
ЈП „Македонија пат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
