Почна судењето за „ТНТ“, Трајковски сам дојде во судот
Обвинителот Рустеми смета дека постапката за „ТНТ“ треба да се одвои, односно на Трајковски да му се суди посебно, на што одбраната не се согласи.

Со нов состав на Судечкиот совет и резервен судија- поротник, почна судењето за случајот „ТНТ“. Поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски кој е обвинет, сам дојде на закажаното рочиште. Покажувајќи потврда од лекар за боледување, побара одложување, но судијата ставрев го одби.
Обвинителот Рустеми смета дека постапката за „ТНТ“ треба да се одвои, односно на Трајковски да му се суди посебно, на што одбраната не се согласи.
Судењето за рушењето на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски, почнува од почеток, откако завчера судијата- поротник Лилјана Ивановска-Кочковска поднесе неотповиклива оставка.
За делото се обвинети повеќе лица, меѓу кои, екс- министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, додека во отсуство му се суди на поранешниот премиер Никола Груевски.
