Намален број одобренија за градење, но со далеку поголема вредност

06.03.2014 14:55

Виза за почеток добија 113 објекти од високоградбата и 17 од нискоградбата, додека 10 ќе бидат реконструирани...

Државната статистика соопшти дека во јануари годинава е забележан пад за  петина на бројот на издадени одобренија за градење, во однос на истиот месец лани.

Сепак охрабрува фактот дека предвидената вредност на објектите што ќе се градат е скоро за половина поголема, односно надминува 40 милиони евра.

Виза за почеток добија 113 објекти од високоградбата и 17 од нискоградбата, додека 10 ќе бидат реконструирани.

Ќе се градат 632 нови станови, најмногу во метрополата, чија вкупна корисна површина надминува 43 илјади квадратни метри.

 

Свето Николовски