СДСМ: Потребно е прочистување на правосудството
Бројот на поднесени и процесирани кривични пријави покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ...
За само две и пол години се поднесени речиси 300 кривични пријави против поранешни градоначалници, претседавачи на совети и раководители на локално ниво, кадри на ВМРО- ДПМНЕ, велат од СДСМ. Досега се процесуирани 129, но како што рече Локвенец, многу од овие случаи се загалавени во судско- обвинителските лавиринти.
„Тоа е уште една потврда дека е потребно прочистување и сеопфатни реформи во правосудството. Истовремено, покажува дека нема разлика помеѓу ВМРО-ДПМНЕ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ на Христијан Мицкоски. Процесите мора да добијат правен епилог, правдата мора да биде задоволена, а секој оној за кој ќе се докаже дека сторил криминал, да одговара“, изјави пратеникот Хари Локвенец.
Бројот на поднесени и процесирани кривични пријави покажува дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ. Таму се уште е присутна криминалната матрица, велат од СДСМ.
