Димковски: Продолжува спроведувањето на мерките во земјоделството

15.01.2020 13:48

Продолжува спроведувањето на мерките во земјоделството- вели министерот Димковски. И во следниот период продолжува навремената исплата на субвенциите, нема поништување на јавните повици за државно земјиште под закуп.

Функционирањето на институциите мора да биде во интерес на граѓаните. Тие не смеат да бидат жртви на опструкции, препукувања и блокади во предизборниот период. Продолжува спроведувањето на мерките во земјоделството- вели министерот Димковски. И во следниот период продолжува навремената исплата на субвенциите, нема поништување на јавните повици за државно земјиште под закуп.

„Започнатите процеси за реформи во секторот, ќе продолжат и оваа година, затоа што земјоделството е наша стратешка гранка, а оваа Влада со своите политики покажа што значи вистинска грижа за земјоделците и развој на земјоделството. Притисоците и селективноста не се наша одлика. Ние не ги злоупотребуваме институциите како што тоа го правеше претходната Влада. Нема веќе исплата на субвенции по списоци, секој земјоделец што ги исполнува условите е навреме исплатен“, нагласи министерот за земјоделство, Димковски.

Ова е период кој е од исклучително значење за нашата држава, но истовремено и период во којшто граѓаните очекуваат нормално функционирање на сите институции- рече министерот за земјоделство.