Австралија: Прогноза за дожд, предупредување за свлечишта и поплави
15.01.2020 15:13
Последниве неколку месеци, најмалиот континент се соочува со најголемата сезона на пожари во кои загинаа триесетина лица.
Временската прогноза во Австралија најавува дождови кои би ја олесниле операцијата на пожарникарите, но метеоролозите предупредуваат дека поројните врнежи може да предизвикаат свлечишта и поплави.
Последниве неколку месеци, најмалиот континент се соочува со најголемата сезона на пожари во кои загинаа триесетина лица.
Огнот уништи над 2.500 куќи и територија со површина на Бугарија. Во Нов Јужен Велс и Викторија има се уште активни пожари.
