Законот за јазиците недоволно се применува во институциите
Една година од донесувањето на Законот за употреба на јазиците. Од Агенцијата за негова имплементација се пожалија дека институциите и граѓаните не ги почитуваат одредбите. Оттаму велат дека отпор има и кај македонците и кај албанците...
Постои отпор од македонските и од раководителите албанци за примена на албанскиот јазик во државните институции и на локално ниво. Тоа е забележено кај 99 насто од 641 установа, организации и државни органи кои биле анкетирани, велат од Агенција за примена на јазикот. За препораките на Венецијанската комисија, особено за примената во судството и обвинителството, од Агенцијата велат дека тоа е политичко прашање. Владата и интересорската група треба да го усогласат Законот според препораките и да предложат измени, а ние дотогаш ќе ја спроведуваме легислативата во ваква форма, посочува директорот на агенцијата, Села.
Раководителот на секторот Маријан Близанковски вели дека целосното спроведување на правата на албанскиот јазик во земјава е предуслов за еднаков пристап до услуги и ефективно учество во јавниот живот. Смета дека законот дава основа за солидна и просперитетна основа кон рамноправноста на јазиците и претставува посебен предизвик за довербата во институциите и за натамошен развој на демократијата.
Законот за употреба на јазиците беше донесен пред една година. Од Владините партнери беше оценет за закон кој ќе го заокружи Рамковниот договор во делот на правата на албанскта етничка заедница. Според опозицијата, Законот е противуставен. Владата го испрати до Венецијанската комисија која даде сериозни забелешки за одржливоста и примената на законот во правниот систем, како и во писмената комуникацијата во државните институции.
Игор Панов
