Унапредување на родовата рамноправност
Со вградување на рамноправноста меѓу половите во одредбите на Уставот, Македонија е меѓу оние демократски земји кои својот поредок го градат врз еднаквоста меѓу мажите и жените. На јавната дебата во Собранието, искажана заложба и за рамноправност на пратеничките листи. Презентиран планот на активностите за унапредување на родовата еднаквост...
Политиката во земјава сѐ уште се смета за машка професија. И покрај борбата со стереотипите и предрасудите, во Собранието речиси 40 насто се жени- пратенички. Сојузот на организации на жени дава предлог на следните избори пратеничките листи да бидат родовоеднакви.
„Без оглед на тоа дали ќе се изгласа законот листите да бидат 50-50, да направиме мониторинг на истите, а се здружиме и да бидеме ветер во грб на сите кои всушност ќе ги нарават изборите вистински во духот на демократијата и родовата рамноправност“, изјави Савка Тодоровска – СОЖМ.
„Во Владата од 26, само 4 се министерки, од градоначалниците од 81, само 6 се градоначалнички. Укажува и ја потврдува потребата од постоењето на родови квоти“, изјави пратеничката Маја Морачанин.
„Барањето за зголемување на политичкото учество на жените, поголема економска независност и целосна заштита од каква било форма на насилство никогаш не биле само барања на жените туку всушност тоа се услови и обрски на секое современо општество“, изајви Ѓулумсер Касапи – Клуб на пратенички.
Напредок има, но уште треба да се работи на родовата рамноправност. Сегашниот парламентарен состав има најмногу пратенички во споредба со последните четири мандати.
„Треба да имаме родово сензитивни акти во Собранието, ние сѐ уште немаме родово сензитивен деловник, немаме родово сензитивен етички кодекс. Потребно е да имаме родово сензитивно управување со човечките ресурси во Парламентот го немаме ние тоа. Но, добро е што го гледаме тоа и ќе треба да го правиме тоа во иднина“, изјави Цветанка Иванова, генерален секретар на Собранието.
Во Собранието е усвоен планот на активностите за унапредување на родовата еднаквост.
„Се радувам што планот на активности ќе стане клучен стратешки и водечки документ за Собранието. Верувам во Комисијата и на Собранието во спроведувањето на овие активости бидете сигурни дека ОБСЕ останува достапна за да ги поддржи вашите напори во оваа насока“, рече Клеменс Која – шеф на мисијата на ОБСЕ.
Со вградување на рамноправноста меѓу половите во одредбите на уставот, Македонија е меѓу оние демократски земји кои својот поредок го градат врз еднаквоста меѓу мажите и жените.
Андријана Атанасовска
