Економија

Потребна е контрола на е- трговијата

15.01.2020 15:21

Со подигнување на прагот на ослободување на пратки од 45 на 90 евра се поттикнува сивата екномија- велат од Комората на сметководители. Посочуваат дека може да се врши препродажба на продукти кои влегуваат во нашата земја за многу пониски цени од оние на домашните производители. Се жалат и на брзата промена на легислативата. Сметководителите наведуваат дека постои отсуство на комуникација меѓу државните институции и приватниот сектор...

Со зголемување на прагот за царинење на пратки од 45 на 90 евра се поттикнува сивата екномија, велат од Комората на сметководители. Посочуваат дека во услови на кревка економија и недоволна потрошувачка може да се врши препродажба на продукти кои влегуваат во земјава за многу пониски цени од домашните производители. Бараат сериозна контрола на тргувањето на интернет. 

Сметководителите се жалат и на брзата промена на легислативата. Наведуваат дека постои отсуство на комуникација меѓу државните институции и приватниот сектор.

Од Комората на сметководителите велат дека многу често им се додаваат нови обврски. Појаснуваат дека пополнувањето на регистарот на вистински сопственици,  што ќе биде во функција од февруари, не е на товар на сметководителите.

 

Сунчица Николоска