Русија го поедностави стекнувањето државјанство

06.03.2014 14:58

Рускиот премиер Дмитриј Медведев објави дека Русија ја поедноставува процедурата за стекнување државјанство за сите што зборуваат руски јазик, а коишто живееле во Русија или во поранешниот СССР.

Својата стратегија ја темели на правото да ги заштити своите сонародници во Украина, како и на истокот и југоистокот, и коишто традиционалноимаат поблиски  односи со Москва отколку со Киев.

Поради случувањата во Украина, помошникот за човекови права на генералниот секретар на ООН Иван Шимоновиќ ќе ги посети  Киев, источниот дел на земјата и  Крим, за да види дали има прекршувања на човековите права во овие региони.

С.С.