Продолжение на 130-тата собраниска седница
16.01.2020 10:35
Пратениците ќе расправаат за дополнетиот Предлог- закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Северна Македонија...

Ново продолжение на 130-тата собраниска седница. На дневниот ред има повеќе точки. Пратениците ќе расправаат за дополнетиот Предлог- закон за правата на заедниците кои се помалку од 20 проценти од населението во Република Северна Македонија, како и Предлог- законите за изменување и дополнување на Законот за Собранието, и за стратегиски инвестиции во земјава, двата по скратена постапка.
Пред пратениците ќе се најдат и Предлог- законите за изменување на законот за евиденциите од областа на трудот и за дополнување на Законот за безбедност и здравје при работа.
