Русија: Дебата во Думата за назначувањето на новиот премиер
16.01.2020 10:25
За нов премиер е предложен Михаил Мишустин, првиот човек на Федералната даночна служба.

Рускиот Парламент го разгледува назначувањето на новиот руски премиер, именуван од претседателот Владимир Путин, по ненадејната оставка на владата и најавите за уставни измени.
Дебатата во руската Дума е само формалност бидејќи е целосно под контрола на пратениците коишто му се лојални на шефот на државата. За нов премиер е предложен Михаил Мишустин, првиот човек на Федералната даночна служба.
