САД со закана до Европа поради нуклеарниот договор
Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се закани со тарифи за европските увозни возила доколку овие три земји не го исполнат барањето.

Вашингтон бара официјална осуда од Британија, Франција и Германија за Иран поради непочитување на нуклеарниот договор од 2015 година. Администрацијата на претседателот Доналд Трамп се закани со тарифи за европските увозни возила доколку овие три земји не го исполнат барањето.
Неделава тие ги активираа механизмот за спорови базирани врз договорот, што може да резултира со официјална тужба против Техеран. Иран го критикуваше потегот на европските сили. Шефот на дипломатијата порача дека постојниот пакт не е мртов, изразувајќи сомнеж дека нов договор со Вашингтон нема да потрае.
„САД не ги исполнија обврските. Тие се повлекоа. Имав договор со САД, и тие го прекршија. Ако имам спогодба со Трамп, колку би траела таа?“, изјави Мохамад Џавад Зариф, министер за надворешни работи на Иран.
Британскиот премиер Борис Џонсон го поддржува предлогот за нов договор кој ќе гарантира дека Техеран нема да набави атомско оружје.
„Проблемот со договорот е што, од американска перспектива, тој не е добар, и беше склучен од претседателот Обама. Од нивен апсект, тој има многу недостатоци. Ако го отфрламе, ајде да го замениме со договор од Трамп“, изјави Џонсон.
Европската Комисија порача дека нема да замине од Ирак ни да ги намали мисииите и покрај предупредувањата од иранскиот претседател Рохани упатени до европските војници на Блискиот Исток.
„Нашите цивилни и дипломатски мисии се важни за напредокот на релациите меѓу ЕУ и Ирак. Нашата заложба да м помогнеме на ирачкиот народ и земјата продолжува и работиме на унапредување на сето ова на билатерлано ниво“, изјави Петер Стано, портпарол на Европската комисија.
Првата директна закана на иранскиот претседател кон Европа следува откако трите европски потписнички на Нуклеарниот пакт го предизвикаа Техеран поради отстапките што ги направи во рамките на спогодбата.
