Ангеловска- Бежоска: Има простор за понатамошно олабавување на монетарната политика
Монетарната политика на нашата централна банка во изминатите неколку години постојано се олабавува и придонесува за намалување на цената на финансирањето на корпоративниот сектор и на домаќинствата, како и за раст на кредитната активност, нагласи Ангеловска- Бежоска.

Со оглед на силните трговски и финансиски врски со Еврозоната, натамошното олабавување од страна на Европската централна банка е еден од факторите што може да придонесе за понатамошно олабавување на монетарната политика и на централните банки во регионот, изјави гувернерката на Централната банка, Анита Ангеловска- Бежоска во обраќањето на Форумот на централна и источна Европа што традиционално го организира „Еуромани“ во Виена.
Монетарната политика на нашата централна банка во изминатите неколку години постојано се олабавува и придонесува за намалување на цената на финансирањето на корпоративниот сектор и на домаќинствата, како и за раст на кредитната активност, нагласи Ангеловска- Бежоска.
Според гувернерката, степенот на евроизација во македонската економија е понизок во однос на другите земји од регионот и продолжува и натаму да се намалува, што остава простор за зголемување на ефективноста на мотеранта политика.
