СДСМ: Проекти во интерес на граѓаните
Без пречки ќе продолжи спроведувањето на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со навремена и неселективна исплата на субвенциите, изјави Прентовиќ.
Функционирањето на институциите во интерес на граѓаните е врвен приоритет на СДСМ, велат од партијата. Без пречки ќе продолжи спроведувањето на мерките за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, со навремена и неселективна исплата на субвенциите, изјави Прентовиќ.
„Во следниот период Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе продолжи со навремената и неселективна исплата на субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2019 година. Исплатите на субвенциите продолжуваат според календарот за исплата. Земјоделците можат да бидат спокојни, нема поништување на објавените јавни повици за давање на државно земјоделско земјиште под закуп. Земјоделците сеуште можат, заклучно до 22-ри овој месец, да аплицираат на четири вакви активни јавни повици“, изјави Татјана Прентовиќ, пратеничка од СДСМ.
СДСМ нема да дозволи граѓаните да бидат жртви на притисоци, блокади, дневни препукувања во предизборниот период. Притисоците и селективноста не се наша одлика. Ние не ги злоупотребуваме институциите како што тоа го правеше претходната Влада- велат од партијата.
