Инфраструктура

Автопатот Скопје- Блаце ќе се гради напролет

16.01.2020 13:12

Потпишан договорот за изградба на првите два километра на автопатот Скопје- Блаце. Придобивките од проектот се големи, особено на економски план и за интегрирање на државава во регионот, велат од Владата. Градежните работи ќе почнат оваа пролет...

Потпишан договорот за изградба на првите два километра на автопатот Скопје – Блаце. Придобивките од проектот се големи особено на економски план и за интегрирање на државава во регионот, велат од владата. Градежните работи ќе почнат оваа пролет, а првите километри од автопатот ќе можат да се возат следното лето.

„Скопје- Приштина ќе се вози за помалку од еден час. Скопје и Приштина ќе бидат двата наблиски града во Западен Балкан. Придобивките се огромни, посебно на економски план“, изјави вицепрмеиерот за европски прашања, Бујар Османи.

Според министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, оваа делница е многу важна заради проширување на европските патни мрежи во Западен Балкан. Автопатската делница ќе се гради во две фази, од Граничниот премин Блаце до клучка Блаце во должина од 2 километри, за што денеска беше потпишан договор, и втората фаза од клучка Блаце до Скопје, односно клучка Стенковец во должина од 10,5 километри, за која веќе се проектира делницата.

Дванаесетте километри од автопатот, со кои ќе биде комплетиран Коридор 10, треба да бидат завршени за време на летниот период во 2021, беше кажано на прес-конференцијата.