Македонски Телеком ќе исплати дивиденда на крајот од април
06.03.2014 15:07
Бруто износот на дивиденда по акција изнесува 31,49 денари...

Македонски Телеком ќе исплати дивиденда за минатата година во вредност од 44,2 милиони евра.
Нето добивката на компанијата остварена лани изнесува две милијарди 716 милиони 939 денари. Исплатата ќе се врши последната недела од април.
Бруто износот на дивиденда по акција изнесува 31,49 денари.
Право на дивиденда имаат сите акционери евидентирани во акционерската книга до 10- ти април годинава, со право на тргување до седми идниот месец.
Сузана Фиданска- Стоевска
