Трипуновски: Двјоно издавање под закуп на иста парцела

16.01.2020 14:26

Цветан Трипуновски тврди дека една иста парцела била давана под закуп на две различни лица, без притоа да биде раскинат претходно склучениот договор, односно пред огласот да биде објавен да се провери статусот на парцелата.

Дополнителниот заменик- министер за земјоделство го обвини актуелниот министер за неправилности при издавање под закуп на државно земјоделско земјиште.

Цветан Трипуновски тврди дека една иста парцела била давана под закуп на две различни лица, без притоа да биде раскинат претходно склучениот договор, односно пред огласот да биде објавен да се провери статусот на парцелата.

„Зошто Трајан Димковски не испратил допис до подрачната единица во Кисела Вода, дали воопшто знаел дека земјиштето е под закуп, или свесно извршил кривично дело. Свесно или несвесно, Трајан Димковски извршил кривично дело“, вели Трипуновски.