Мизрахи го посети Специјалниот завод- Демир Капија
Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме обоени ѕидови, додека инсталацијата водоводна, електрична е сѐ уште онаа од 56-та односно 58-ма година. Условите за хигиена се никакви, луѓето се препуштени сами на себе, изјави Мизрахи по обиколката на Специјалниот завод.
Овие услови се нехумани, нечовечни, изјави министерката за труд и социјална политика Рашела Мизрахи при посетата на Специјалниот завод- Демир Капија. Рече дека ќе се заложи состојбата во Заводот да се промени, а штитениците да ја добијат потребната грижа и нега.
Од најавените поправки на Специјалниот завод можеме да најдеме обоени ѕидови, додека инсталацијата водоводна, електрична е сѐ уште онаа од 56-та односно 58-ма година. Условите за хигиена се никакви, луѓето се препуштени сами на себе, изјави Мизрахи по обиколката на Специјалниот завод.
Од помпезните најави, додаде, можам да кажам дека на почетокот на владеењето на СДСМ оваа установа имала 227 корисници со 41 неговател.
Тоа значи еден неговател секој ден се грижел за шест корисници. Мисијата е невозможна. На еден корисник треба да има еден неговател, посочи Мизрахи и нагласи дека ќе се заложи оваа состојба да се промени, а штитениците да ја добијат потребната грижа, нега и пред сѐ човечни услови за живот, бидејќи, како што рече, секој заслужува да има пристоен живот.
