ЈАВЕН КОНКУРС

17.01.2020 08:05


Програмскиот совет на Македонската радио - телевизија распишува јавен конкурс за избор на членови на Надзорен одбор на Македонска радио - телевизија.

 

Кандидатите кои ќе се пријават треба да ги исполнуваат следниве услови:

- да се државјани на Република Северна Македонија;

- да имаат високо образование;

- да поседуваат знаење и најмалку 5 (пет) години искуство од областа на  финансиското и сметководственото работење.

 

Кандидатите на јавниот конкурс, со пријавата треба да достават:

- Уверение за државјанство;

- Диплома за завршено високо образование;

- Кратка биографија;

- Потврда за петгодишно искуство од областа на финансиското и  сметководственото работење.

 

Кандидатите за членови на Надзорен одбор на МРТ поднесуваат пријава за конкурсот со соодветните докази за исполнување на бараните услови, во затворен плик со назнака (за учество на конкурсот за Надзорен одбор на МРТ) на адреса:

ЈРП МРТ

бул. Гоце Делчев бр.18

1000 Скопје

или да се достави во Архивата на Македонската радио - телевизија.

 

Конкурсот трае 15 дена од денот на објавувањето на програмите и на интернет - страницата на МРТ.