Палестинец криумчарел мигранти во земјава
06.03.2014 15:12
Со неколкумина Грци и еден Кумановец минатиот месец организирал транспорт на шест лица - еритрејски државјани...

Полицискиот оддел за сузбивање организиран криминал поднесе кривична пријава против 48-годишен палестински државјанин, со признаено право на азил во Република Македонија, поради постоење основано сомнение дека криумчарел мигранти во земјава.
Палестинецот бил дел од поголема меѓународна криминална група. Со неколкумина Грци и еден Кумановец минатиот месец организирал транспорт на шест лица - еритрејски државјани, кои од Грција илегално влегле во земјава при што требало да се транспортираат од подрачјето на Гевгелија до Кумановскиот регион.
Истражен судија на палестинскиот азилант му одреди мерка притвор во траење од 30 дена.
