Богојавление- Водици
Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Поврзан е со крштевањето на Исус Христос од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. За време на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, Бог се јавил како Света Троица, Отец, Син и Свети Дух.

На 19- ти јануари е Богојавление- Водици, ден кога се осветуваат водите. Овој празник е еден од најголемите христијански празници. Поврзан е со крштевањето на Исус Христос од Свети Јован, кој оттогаш се нарекува Крстител. За време на крштевањето на Исус Христос во реката Јордан, Бог се јавил како Света Троица, Отец, Син и Свети Дух.
Крштевањето, како една од светите тајни, значи духовно раѓање, почеток на човековото живеење во верата.
На овој ден се прави големиот водосвет, што го ивршува црквата, со што водата станува обновувачка, соединувајќи се со благодетта Божја.
По повод православниот празник Богојавление- Водици на 19-ти јануари,Скопската православна епархија при МПЦ, во периодот од 11:30 до 12:30 часот, ќе го организира традиционалниот црковен чин, положување на светиот Крст во водите на Вардар. Манифестацијата ќе се одржи на мостот „Слобода“ кај хотелот „Холидеј ин“.
Движењето на литиите (поворките) е планирано во две рути. Првата литија од храмот „Св. Димитриј“ преку кејот кај Министерството за надворешни работи, па сѐ до мостот кај „Холидеј ин“.
Втората литија ќе започне од храмот „Рождество на Пресвета Богородица“, во која ќе земе учество и Архиепископот и ќе се движи по кејот на реката Вардар и покрај Министерството за надворешни работи ќе пристигне до споменатиот мост.
